Најстудените населени места на Земјата

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Додека ние се вариме во летните горештини, за многу луѓе во светот оваа перспектива за затоплување на времето воопшто не постои. По нивните населени места сѐ уште е студено.b34831471899a33e8af6c3c9d42c4be2

Еве и пет од најстудените населби во светот:

1. Нуук, Гренланд (на сликата горе)

Островот Гренланд е најблиску распоредена суша до Северниот Пол. Примамливата, но доста ладна престолнина на земјата – Нуук, има население од околу 56 илјади луѓе.

Овие луѓе (тие се претежно Инуитите / Ескимите, но има и многу Данци) живеат во прилично сурова клима. Просечната јануарска температура на крајбрежјето е од -7 ° C на југ до -36 ° C на север, а просечната температура во јули е од 10 ° C на југ до 3 ° C на северозапад.

2. Јакутски, Русија

Колку и чудно да звучи, овој град во Сибир е населен од четвртина милион жители.Градот се наоѓа на еден камен од арктичкиот круг и луѓето се радуваат кога температуритен ќе стигнат 0 ° C, што се случува во пролет и лето. Просечната температура во зима е – 37 ° C. Слична е ситуацијата и во градот Норилск.

Фото: purewow.com

3. Еурека, Канада

Во оваа мала истражувачка населба во најсеверната канадска територија Нунавут, температурите ретко минуваат нулата. Во јули месец температурите во просек се околу 10 ° C.

Фото: purewow.com

4. Станицата Халеј, Антарктикот

Оваа истражувачка станица е под тежината на речиси четири метри снег во текот на целата зима, 105 дена секоја година луѓето кои работат тука живеат во целосна изолација. Покрај тоа, тие се помируваат со 24-часовен мрак и невозможни услови за летови со авион.

Фото: purewow.com

5. Оумкон, Русија

Официјално тоа е најстуденото село во светот. Тоа се наоѓа на левиот брег на реката Индигирка, во источниот дел на Јакутија. Населението му е од околу 500 луѓе.Времетраењето на денот варира од 3 часа во декември до 21 час во текот на кусото сибирско лето, кога ноќите се “бели” и е светло речиси цело деноноќие. Според неофицијалните податоци, температурата во селото паѓа до -82 ° C.

Фото: purewow.com