Кривична пријава против главниот и одговорен уредник на МРТВ Диме Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис поднесе денеска до Обвинителство генерал Стојанче Ангелов. После серијата протести во кои заедно со граѓаните Ангелов бараше МРТВ да ги објавува бомбите на опозицијата, Ангелов тврди дека има основа за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на рамноправноста на граѓаните-информира НОВА
Ангелов посочи дека Ратајкоски, како главен и одговорен уредник на МРТВ овозможил пристрасно пласирање на информации во корист на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и им нанел штета на граѓаните, а од друга страна Ратајкоски овозможил емитување на снимки добиени преку посебни истражни мерки за Љубе Бошкоски.
-Сакам да му порачам на Диме Ратајковски дека за ова дело е предвидена казна затвор и порано или подоцна ќе ја добие заслужената казна, посочи Ангелов.
Повеќе ТУКА
Видео: А1он