Авиокомпанијата Lufthansa официјално изјави дека не може да ја потврди информацијата за пилот на А320, кој излегувал од кабината пред несреќата во вторникот. “Во оваа фаза не можеме да ја потврдиме пораката на New York Times. Треба да почекаме нови информации, а не да се пуштаат шпекулации”, изјави претставник на Lufthansa пред DPA.
Претходно, како соопшти и Локално .мк, New York Times цитира учесник во истрагата, кој се повикува на податоци од црната кутија. Тој го тврди следното: “Човек однадвор чукал тивко вратата на пилотската кабина и не добива одговор. Потоа почнува да чука посилно и повторно не добива одговор. Нема одговор и се слуша како тој се мачи да ја скрши вратата”, тврди изворот.
Мистеријата околу несреќата на германскиот Airbus А320 се продлабочи откако се објави оваа публикација на New York Times, која сега се негира од Lufthansa. Изданието Quartz објави видео на компанијата Airbus од 2002 година, и објаснуваат што претставуваат монтирани по нападите од 11 септември 2001 година врати кон пилотската кабина на авионите и каква е процедурата за пристап. Од него се гледа дека вратата автоматски се заклучува и за влез треба да се побара и добие дозвола од пилот. Во случај дека екипажот внатре не реагира, има итна постапка – добива се посебен код и ако до 30 секунди од кабината никој не реагира, вратата се отклучува за 5 секунди и може да се влезе. Но, од видеото се гледа исто така, дека пилот може лесно да ја заклучи вратата за 5 минути. Не е јасно дали така може да се блокира и итниот влез. Освен тоа видеото е пред 13 години и е јавна реклама за процедури за безбедност, кои никогаш не се откриваат целосно
