Пропаднати шини поради обилниот дожд се причината товарен воз кој сообраќаше од Солун кон Скопје да излета од шините.
Среќа е што возот бил товарен а не патнички, бидејќи вагоните паднале еден врз друг и целосно се уништени. Возот пренесувал електронска опрема која од Солун требало да стигне за Скопје, а поради излетувањето, како што соопштуваат од грчката железница, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Солун и Скопје.
.jpg)
Кусо откако тргнал во 8.15 часот утрово на 30 километри од Солун кај местото Гефира, според грчката телевизија Мега, откако поминала локомотивата и петте првиг вагони, останатите почнале да излетуваат од шината и половина километар да се превртуваат и да паѓаат еден врз друг.
Уништени се 29 од 34. товарни вагони. Двајцата машниовозачи пак, имале полесни повреди и заедно со останатите членови на екипажот на возот превентивно биле пренесени во болница.
Обилните врнежи во изминатите 3 дена, резултираа шините во областа каде што се случи железничката несреќа, да пропаднат во длабочина од 800 метри./+Инфо