Турскиот обвинител, кој беше држен со часови за заложник од левичарски екстремисти во Истанбул, починал од повредите во текот на ноќта. Тоа го соопштија медицински и официјални извори, цитирани од агенциите. Од болницата “Флоренс Најтингејл”, каде што бил однесен повредени судијата, рекоа дека тој бил веќе мртов при влезот.

Лекарите ги вложиле сите напори да го вратат во живот, но не успеале. Министерството за надворешни работи и канцеларијата на премиерот ја потврдија смртта на обвинителот. Двајцата киднапери беа убиени, откако полицајци упаднаа во просторијата во судската зграда, каде го држеа заложникот во текот на неколку часа. Обвинителот Мехмет Селим Кираз ја истражува смртта на младинец за време на антивладините протести во 2013 година, потсетува Франс прес. Тој беше заробен од страна на членовите на турската Левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување. /БТА