(ВИДЕО) Ген. Ангелов бара притвор за Груевски

од desk3
108 прегледи

Лидерот на Достоинство, генерал Стојанче Ангелов денеска од пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје побара барем еден обвинител да се охрабри и да определи мерка притвор за премиерот Никола Груевски врз основа на кривичната пријава којашто вчера му ја поднесе опозициската СДСМ-информира НОВА

Бараме од Јавното обвинителство или од еден јавен обвинител кој ќе има храброст и доблест, веднаш да му одреди мерка притвор на нелегитимниот премиер, Никола Груевски. Исполнети се повеќе основи за мерката притвор, постои опасност од бегство затоа што има многу пари и лесно може да побегне и да земе лажен индентитет, постои основен страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите од криминалните дела, дека ќе влијае на сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи. Постои исто така страв дека ќе ги повтори кривичните дела, ќе ги доврши или ќе стори нови – изјави денеска Ангелов пред Основното јавно обвинителство.

Извор и видео: НОВА