Провизијата на 15. бомба на СДСМ одекна во странски и израелски медиуми

од Vladimir Zorba
118 прегледи
Главниот левичарски лидер на опозицијата во Македонија во средата го обвини шефот на разузнавачката служба на земјата за преземање на голем поткуп за опрема за аудио надзор од договор со Израел во 2011 година пишува The New York Times

download

Зоран Заев, претседател на Социјал-демократски сојуз за Македонија, објави незаконски снимени разговори и ги посочува деталите како првиот човек на разузнавачка служба Сашо Мијалков, неговиот помошник и на човекот од Израел го договара трансферот на пари за поткуп. Заев не го прецизираше износот, но рече дека се работело за “многу нули.”

Мијалков ги негираше обвинувањата, велејќи дека “донација” од 5,5 милиони евра (5.900.000 $) е добиено за “купување на опрема за специјалните полициски единици”.

Снимката е најновата во серијата прислушувани материјали кој Заев ги објави и тврди дека открива корупција на највисоко ниво на власт,  ја известува угледниот весник американската и светска јавност.

0,,15702283_303,00
Израелскиот Jewish Bussines News пренесува дека македонскиот опозициски лидер Зоран Заев го обвинува директорот на УБК за примање поткуп од Израел за да се овозможи купување на опрема за следење во 2011 година, јавуваат медиумите.

Тој, се наведува натаму во текстот, истакнува дека новата опрема била употребена за прислушување на сопствениот народ.

Тhe Times of Izrael во насловот пишува – Македонскиот шеф за разузнавање обвинет за поткуп во израелска зделка.

Во текстот се наведува дека Заев во објавените, како што се истакнува, незаконски снимени разговори, наведува детали како шефот на УБК Сашо Мијалков, неговата помошничка и лице од Израел договараат трансфер на пари за поткуп, во кое како што пишуваат, Заев не го навел конкретниот износ, но дека сепак содржел многу нули.

Истовремено пренесуваат и дека Мијалков ги демантирал обвинувањата и дека тој изјавил оти се работи за донација од 5,5 милиони евра, која ја добил за „купување на опрема за специјалните полициски единици”.

Засега официјален став од израелските власти во врска со ова нема. Но, вчера екс-министерот за здравство Владимир Лазаревик, испратил писмо до дипломатските претставништва на Израел и Македонија во кое бара израелската влада да се изјасни во врска со презентираните снимки за наводна вмешаност на директорот на УБК Сашо Мијалков, членови на израелската влада и израелска компанија.

А, текстови со слична содржина пренесуваат и многу други светски медиуми, како што се ABC News кој, покрај другото пишува и дека – последните снимки се дел од серијата прислушувани материјали кои ги објавил Заев и за кои, како што стои, открива корупција на највисокото ниво на власта. Текстот го пренесуваat и Miami Herald и Amazon Herald.

За ова на своите страници пишува и Turkish Weekly во кој покрај демантот на Мијалков информираат и за најавената тужба врз лидерот на СДСМ Заев.

Весникот пренесува и дека Заев во аудио снимките презентирал разговори меѓу Мијалков, посредничката Светлана Костова и Хаим Хакини во кои, како што се истакнува, се разговара околу термините, но и банката во која парите треба да бидат префрлени.

Бугарските  он лајн медиуми , агенции и весници редовно дневно известуваат за секој настан во Македонија .Сега доминира  насловот дека шефот на тајните служби е фатен со провизија и  се очекува Власта да го уапси лидерот на опозицијата и дека тоа би било крај за дикататурата на Груевски.