(ВИДЕО) БОМБА 17: Градоначалникот Ристески со “хилта” влегувал во комуњарски кафулиња

од desk3
147 прегледи

Објавувајќи ја 17-та бомба од Прилеп, СДСМ презентираше неколку разговори од градоначалникот Маријан Ристески, кој со министерот Миле Јанакиески и други соработници, според СДСМ, договараат казнување на „непријателски“ фирми и кафулиња.

Во разговорите се слуша и како бизнисменот Хари Локвенец бил казнет со 11.000 евра, а гарадоначалникот вели дека му било малку, па требало секој месец да го казнуваат по толку.

-Ќе слушнете како Јанакиески бара од Марјан Ристески список на фирми наводно блиски до СДСМ. Посебен интерес за фирма има Јанакиески за фирмата на Хари Локвенец. Ќе слушнете како се бара казнување, рушење на шанкови и тераси, и како што вели Јанакиески војна степенесто, да видат што е сила, посочи претседателот на СДСМ Прилеп, Сашо Велески.

Прилепската опозиција во моментов објавува прислушувани разговори помеѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

-Направете програма, поднесија на Совет и после удирај… Пополека овие реши ги, па по две недели овие реши ги, се слуша машки глас за кој СДСМ тврди дека е Јанакиески.

-Да знаеш не ги оставам, одговара наводно градоначалникот Ристески.