Брзи картички за Велигден

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Сѐ помалку луѓе се сеќаваат дека кон подарокот, по каков и да било повод можат да додаваат честитка. Сите се навикнати да подаруваат картички само за роденден. А, сите други прилики?d768d62127794adbeed16348d1258938

Еве на пример сега за Велигден – одите на гости на свекрвата, мајка, пријателите, кумовите или кој и да е. Сигурно ќе им однесете бојадисани јајца во некоја кошничка или пакетче. Штове спречува да ставите и една разгледница со убава желба или стих ?

Храната ќе се изеде, но честитката ќе остане да ги топли срцата во тешки моменти. Колку и да не ни се сака и такви денови има – тажни, душевно врнежливи и депресивни и токму во такви денови е прекрасно да најдете такви убави спомени и да ги разгледувате.77d56ea24fa3227265ad5bfbc83b12dc

Тогаш се сеќаваме дека сепак некому некаде му е грижа за нас и ни станува полесно да ги надминеме тешкотиите.

А не е тешко да направиме картиќка. Сега ќе ви дадеме една супер, мега, ултралесна идеја (како што велат децата).

Потребно ви е само едно картонче, фломастер и едно јајце од филц . Залепете го јајцето на картичка и со фломастерот нацртајте или напишете нешто.
6c02fe424444ed82fa9b6d3a577b6fb9
Картичката е подготвена. Може да направите такви за сите ваши пријатели и познаници. А, може и да ја оставите на вратата во последен момент. Важно е колку срдечна и искрена ќе биде желбата внатре. Оставете ги клишеата, истурете го вашето срце.

И картичката ќе стане вистинска и незаборавна .