Генерал Стојанче Ангелов, вели дека е мета на континуирано следење и прислушување од страна на разузнавачките сили на МВР. Како што вели повеќе пати е влегувано во неговиот дом и претурано по интериерот, за што има и докази, а неколку пати очи во очи се соочил со оперативците-информира а1он.
Денеска пред Јавното обвинителство, Ангелов изјави дека се одлучил ова да и го соопшти на јавноста за да не остави простор да биде жртва на монтиран процес.
– Ме следат со техника на јапонско следење, но толку се непрофесионални и неуки па ги забележувам. Постојано сум следен тоа го знаат и луѓето што се со мене. Но оние кои ме следат се тутурутки, неспособни, не се полицајци туку се партиски примени, не си ја знаат работата – рече тој.
Повеќе ТУКА