Разоткриени десетте најголеми митови за целулитот

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Од сите свои несовршености, жените најмногу го мразат целулитот. Тој е вечниот непријател со кој е речиси невозможно да се изборат, дури и да ги следат строго советите на експертите и реномираните медиуми.932158c6b05bce629a820bb365799118

Вистината е дека скоро 90% од жените во светот се соочуваат со  кожата како портокал и што и да прават, остануваат со неа.

Може да престанете да го трошите вишокот пари за сјајни производи кои не функционираат, бидејќи вистината за портокал-кожата излезе на виделина. Најголемите митови се разоткриени лондонскиот хирург д-р Ајхам Ал-Ајоуби, основач на медицинската клиника The London Medical and Aesthetic clinic. Еве и кои се тие:

1. Слабите жени немаат целулит

За жал, лага е! Целулитот се образува од бројни фактори, кои вклучуваат гени, сонце, хидратација на телото, возраст и нагли промени во тежината.

2. Целулитот доаѓа со возраста

Зарем не сте виделе млади девојки со целулит? Денес и 20-годишните страдаат од портокал-кожа! Со стареењето сепак таа станува повидлива, бидејќи кожата ја губи еластичноста и свежиот изглед.

3. Целулитот може да се излечи со козметички производи

Кремовите и геловите само навидум ја измазнуваат кожата и тоа одредено време. Целулитот се наоѓа во долните слоеви на кожата и нема како да биде под влијание на ваквите “магични” масти.

4. Целулитот е составен од вишокот на масти

Причината за формирање на целулит не се корени во количината на масти, туку во структурата која ја обвиткува. Маста се наоѓа помеѓу мускулите и кожата и кога предметното  ткиво ќе се отпушти, гледаме портокал-кожа.

5. Мажите не страдаат од целулит

Напротив! Само што кај нив поретко се јавува, бидејќи ткивото е поздраво, а и тие поседуваат поголемо количество од хормонот тестостерон, кој ги гори мастите.Естрогенот пак ги образува.

6. Кардио тренинзите можат да се изборат со целулитот

Тие поефикасно ја намалуваат тежината, но за портокал-кожа помагаат вежби кои ја прават поцврста и ги поставуваат мускулите.

7. Облеката помага во борбата за целулитот

Тесните хулахопки и ластичните гаќи вешто го прикриваат, но тие ја притискаат кожата и како резултат има шанса тој да стане подлабок.

8. Тенот го намалува целулитот

Само визуелно. Откако кожата ќе избледне, сите несовршености се на местото каде што беа и пред летниот одмор.

9. Кожата како кора на портокал исчезнува со телесната тежина

Како што веќе наведовме, не количеството масти, туку цврстината на задржувачкото ткиво е од значење.

10. Липосукцијата ефикасно се справува со целулитот

Всушност преку оваа постапка останатите масти во телото се дистрибуираат нерамномерно и тоа може да ги зголеми дупките по кожата.