Денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја започне дводневната посета на Русија, пренесе AFP.Претпладне е предвидена средба меѓу грчкиот премиер и рускиот претседател Владимир Путин.
За време на разговорите ќе бидат разгледани прашања од економската, културната и хуманитарната сфера, како и актуелни меѓународни проблеми и можности за подобрување на соработката меѓу двете земји.
Пред посетата тој даде интервју за агенција ТАСС, во кое вели дека “Грција не се согласува со санкциите против Русија, тоа е пат на безизлез”. Ципрас ќе има средби со претседателот Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев, шефот на Државната дума Сергеј Наришкин и патријархот Кирил.
