126
Денеска со низа манифестации во земјава и светот се прославува светскиот де на Ромите. Некаде со приредби, некаде со протести, со говори пораки и предупредувања за состојбите во кои се наоѓаат Ромiте во општеството. До редакцијата на Локално.мк стигна mail од невладината „Романо Авази“ каде се наведува дека се попречени да отидат пред Владата на РМ и да го искажат својот став. Кој ги спречува и им прави притисоци за сега нема информација. Испратениот маил ви го објавуваме во целост како и поканата за настанот:
Почитувани,
Сакаме да ве потсетиме за „Маршот на Гордоста и Достоинството“ кој ќе започне во 11:45 часот во центарот на населба Топаана.
Маршот ќе заврши пред нашата канцеларија на улица „Никола Кљлусев“ бр. 14 со прослава и музика, а дали ќе се оди пред Влада и предаде барањето не сме сигурни поради заканите кои ги добивме пред 3 часа.
Со почит,
Здружение „Романо Авази“

