Претседателот на Русија Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе разговараат за можноста за вклучување на Грција во руско-турскиот гасоводен проект “Турски поток”.
Ова го пријави ТАСС, повикувајќи се на материјали пред претстојната средба во Москва.
Тоа ќе и овозможи на Грција да добие опипливи бенефиции од транзитот на гас за Европа и да обезбеди енергетската безбедност на земјата и во регионот како целина,се дополнува во материјалот.
Во текот на преговорите страните можат да разговараат за прашањето за приватизацијата на грчките претпријатија, вклучувајќи го пристаништето во Солун и компании од железничкиот сектор.
Претходно грчки претставник изјави дека Атина нема да бара финансиска помош од Русија.
