Грчките банки – под “карантин” од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Турција …

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Овие барања, сепак, се чини, не се однесуваат на банките  со грчки акционери. Засега е познато дека Бугарија пезела контроли, пишува trud.bg,  “Веќе подолго време т. н. грчките банки во Бугарија немаат изложености кон Грција и грчки субјекти”, коментираа  од БНБ.

“Стремежот на сите банки со грчки акционерски капитал кои работат во Бугарија, е во максимална степен да го  ограничат негативното влијание од процесите во Грција”, изјави извршниот директор на ОББ Стилјан Втев, пред Investor.bg.

Банките со грчки капитал во Македонија се безбедни, тврди гувернерот на НБМ Богов откако медиумите објавија дека поради опасност да не успеат преговорите на Атина и странските кредитори, соседните земји на Грција ги ставаат под карантин своите филијали.