Македонскиот премиер Никола Груевски и неговата влада треба да се повлечат и порано или подоцна тој ќе биде изнесен пред суд за своите постапки, изјави Даниел Кадик, раководител на проектот Југоисточна Европа на фондацијата „Фридрих Науман“, за бугарската новинска агенција БГНЕС
– Во моментов има значително влошување на ситуацијата во Македонија. Станува збор за популистички и автократски режим кој постојано ја поттиснува опозицијата и ги гони луѓето кои не се согласуваат со Владата на Груевски. Гледаме масовно следење на граѓани, опозиција и на новинари. Влошување на слободата на изразување во Македонија. Видетете го само местото на Македонија во рангирањето за слободата на говорот. Видете го однесување на господин Груевски, зел мито од 20 милиони евра, вели Кадик.
Тоа е диктатура и ако продолжи овој курс, ако ЕУ и посебно Европска народна партија продолжат да ги затвораат очите за овој проблем, ќе има голем проблем и ќе гледаме влошување на ситуацијата и тоа порано или подоцна ќе доведе до немири и до насилство. Формирањето на привремена Влада може да биде прв чекор за излез од кризата. Груевски нема право да остане. Погледнете што се случи во 2012 година, кога тие користеа сила за да се ослободат од опозицијата во Парламентот. Тоа не е однесување на еден демократски лидер – вели Кадик.
видео тука
