„Сега ќе нѐ слушнете!“, „Доста беше молк!“, „Чекајќи го (ГОДО) Министерот“, беа само дел од паролите кои одекнуваа од илјадниците студенти и средношколци зад транспарентот: „СТОП за лошите реформи.“ На денешниот најмасовен средношколски марш на средношколскиот пленум му се придружи и студентскиот и по спојувањето на групите пред Владата тие се упатија кон МОН.
Погледнете низ фотографиите кои беа објавувани на Фејсбук и Твитер под #ПоздравПленумци како изгледаа денеска по 12:00 часот скопските улици во Центарот на градот.

