Ужасот под Еверест уникатно ВИДЕО

од Vladimir Zorba
136 прегледи
 1000 алпинисти имало во логорот при уривањето на лавината, 80 се убиени, 217 се исчезнати без трага.
 непал
Кадри од монструозната  лавина кој го преполни кампот  во подножјето на Еверест, се појавија на социјалните мрежи. Во видеото јасно се слушаат зборовите “Земјата се тресе”, по што се гледаат како  бегаат луѓе. Како што е познато, земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала го потресе во саботата Непал. Според последните податоци, бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес може да достигне 8 илјади луѓе. Денес се разбра дека телата на уште 19 алпинисти беа пронајдени во базниот камп под Монт Еверест.Ова го соопшти портпаролот на индиското Министерство за одбрана Ситаншу Кар, пренесоа агенциите. Така жртвите на лавината, паднале по чудовишниот земјотрес, и надмина 80 лица. Телата на 65 алпинисти беа пронајдени претходно вчера изутрина. “Уште најмалку 50 лица се повредени”, пријави Кар на Твитер. Во моментов од Министерството за туризам во Непал потврдуваат информациите за 22-ца загинати алпинисти, повредени се над 60 лица, а 217 лица се исчезнати. За време на земјотресот во планината имало над 1000 планинари, од кои околу 400 биле странци. Според последните податоци жртвите од катастрофалниот земјотрес во Непал се над 3250 лица, а повеќе 6800 се повредени.