92
Убиен е напаѓачот на полициската станица во Зворник, Република Српска, БиХ, кој уби еден и рани двајца полицајци .
Во размена на стрелбата вечерва е елиминиран напаѓач кој околу 19 часот влетал во полициската станица викајќи „Алаху егбер“ . Во нападот е убиен еден полицаец, а двајца се повредени, посочуваат од полициската станица Бјелина. Мотивите за нападот не се познати. Нaпаѓачот пристигнал со црн голф2 и влегол со пушка пумпарица и почнал да пука.
Првин бил убиен полицаецот Драган Гуриќ , а другите двајца Жељко Гајиќ и Стево Миловановиќ возврзатиле но биле ранети и се префрлени во болницата во Зворник. Истрагата ја водат од специјалните сили на СИПА а местото го обебзедуваат силите на МУП на РС
