Шафранот се бори со болките и ракот

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Ве болат ли мускулите после тренингот или при некаков физички напор? Во многу случаи  сте морале да земате аналгетици или антиинфламаторни препарати. Тие сепак носат доста несакани негативни ефекти за организмот.cebf1158427fe05e56a209d67cdd15d6

Наместо да внесувате хемија, земете шафран !

Корисниот зачин се покажа како многу ефикасен за потиснување на болките и воспаленијата во мускулите.

Новото истражување покажа дека овој зачин може дури да е поефикасенод ибупрофен. Тој ги  ублажува болките и слабоста во мускулите во некои случаи повеќе од антиинфламаторните лекови од аптеката.

За истражувањето спроведено од ирански истражувачи биле вработени 39 лица на возраст од околу 18 години, кои не биле редовни на  тренинг.
12 од нив секојдневно добивале капсула која содржи 300 мг екстракт од шафран недела пред и три дена по интензивна сесија од вежбање. Другите 12 лица ја правеле истата вежба, но наместо шафран им биле дадени одредени дози индометацин – нестероиден антиинфламаторен лек.
15 лица претставувале контролна група, на која биле дадени таблети со плацебо.

Сите групи луѓе извршувале исти физички оптоварувања во периодот на истражувањето.
Истражувачите откриле дека мажите кои земале шафран, доживеале помалку болка и оток во мускулите во деновите по вежбите, отколку оние кои земале НСАИЛ или плацебо.

Шафранот е популарен зачин во источната кујна. Тој се добива од растението Crocus Sativus. Претходните истражувања покажаа дека шафранот или поточно соединението, најдено во него – crocetin (кроцетин), има силна против-воспалителни својства и е лек против болки. Освен тоа е моќно средство во превенција на ракот и срцеви заболувања .