По последната бомба на Зоран Заев, во која беа пуштени разговори поврзани со убиството на Мартин Нешковски, група граѓани по повик на братот на Нешковски, се собра на протест пред Владата.
Над илјада граѓани, чиј број постојано се зголемува, протестира, а група од демонстрантите успеа да влезе преку полицискиот кордон и во моментов е во дворот на Владата.
Полициски службеник, како што пренесува А1Он, ја отворил рампата пред Владата за демонстрантите да влезат во дворот на владиниот објект и го напуштил работното место. Граѓаните влегувааат во дворот и го гушкаат полицаецот додека тече протестот предизвикан од снимките кои ги објави опозицијата поврзани со насилната смрт на Мартин Нешковски.
Известувачите на А1он од терен велат дека полицаецот го напуштил протестот и си заминал со опремата, додека граѓаните продлжуваат да протестираат и да извикуваат оставки за Владата.
Демонстрантите извикуваат „Убијци убијци“, додека во позадина се слушаат снимките од разговорите.
Во моментот истакнат е транспарент со фотографија на министерката Јанкуловска од денешниот разговор: „Се нервирам што ни убиство не можеш да сокриеш“.
Видео: А1Он
