Полицијата ги истурка демонстрантите кои протестираа пред владата и ги турка по улица Илинденска и булеварот кој од Владата оди кон Партизанска. Се апсат насилните кои палат контејнери и се потиснуваат и лица кои седат на улица и пружаат пасивен отпор.
Се јавува дека 10 полицајци се повредени а еден човек во цивил е потешко повреден и пренесен во болница. На булеварот се запалени контејнери а полицијата употребува димни шок бомби, со приправност на водени топови.Неколку лица се повредени и пренесени во Клиничкиот центар. Денешните протести беа насилни, со употреба на сила и од страна на полицијата и од дел од демонстрантите.
.jpg)

Ситуацијата по 23 часот е смирена , народот е тргнат од пред владата потиснат накај Партизанска а демонстрантите палат контејнери по улиците каде се повлекуваат.Протестите ги следеа и двајца набљудувачи од ОБСЕ, а во моменетов има апсења по улиците на насилните демонстранти.
