Изутринава во 4.30 во Куманово започнала голема вооружена престрелка на полицијата и вооружени лица кои возвратиле на престрелката, се пишува по социјалните мрежи и Твитер.Официјална информација нема . Рафали , детонации, оклопни возила и хеликоптери кои постојано надлетуваат е сликата за Куманово утрово.
Локацијата е кумановската населба “Диво насеље” а полициските сили се судриле со поголема група вооружени лица, и кај џамијата, и пазарот што е километар од центарот на градот. На граѓаните според истиот извор не им се дозволува да ги напуштаат домовите , во близина на судирот. Населбата каде е најжешко , пишуваат твитерџиите се наоѓа на влезот во Куманово од правец на Автопатот Скопје-Куманово и е на 1-2 километра од центарот.
Велат дека има и ранети лица и дека има и запалено куќи.
Локално потсетува дека вчера објавивме информација за вооружена група која наводно влегла од слупчанскиот крај
Вчера, се појави информација дека се очекува пукање во Куманово, дека е уфрлена група од петнаесетина униформирани лица, која планира напади на полициски станици и на други државни институции.
Косовска вооружена група забележана во кумановскиот регион
Помала вооружена група забележана во кумановскиот регион, за која се претпоставува дека е влезена во Македонија преку Слупчанска страна од Косово, по претпоставака од Прешевската долина информираат извори за Локално.мк.
Слична информација ивчера лиферуваше и порталот на албански јазик Журнал. Според истиот извор вооружената групи се собира во околните села на Куманово, и се движат во планините на Карадак и Куманово. Неофицијално, овие луѓе се подготвувале да дејствуваат на поинаков начин отколку на настанот што се случи претходниот пат во Гошинце.
Индикативно е што во исто време голем број на полициски сили се стационирани во кумановско-липковскиот регион. На влез и излез од општина Ликпково, полицијата врши контрола над сите моторни возила кои се движат во тие насоки.
Жителите од овој регион според Журнал , алармирaат за големото присуство на полициските сили, кои ги контролират сите моторни визила. Слични полициски контроли се забележани и на влезот и излезот од Куманово. Полицијата за сега не дава официјална причина за големиот број на припадници на полицијата како и за деталните контроли на моторните возила.
Локално.МК вчера побара информација од МВР, кои ниту ја потвдуваат ниту ја демантираат информација. Единствено што ни кажаа дека полицијата будно ги следи и сериозно ги анализира сите информации кои пристигнуваат и е подготвена соодветно да реагира, беше вчерашното објаснување
За денешните настани во Куманово нема официјална потврда и информација. Сите сознаија се од социјалните мрежи и Твитер заедницата од Куманово

