Улиците во Куманово се наоѓаат како во воена состојба, континуирано се слушаат рафали од автомати и пукотници во местото Диво насеље каде од утринава се спроведува акција за разбивање на неидентификувана вооружена терористичка група. Како што објави Телма 3 полицајци од тетовско загинале во престрелките, а повеќе од 30 се повредени
Во тек е повтоно разгорување на престрелките а според последните информации полицијата влегува од куќа во куќа се чисити теренот и се евакуира цивилното население
Според видеото што граѓани од Куманово го објавија на социјалните мрежи, пукотниците и детонаците не сопираат, на места се крева црн чад, а улиците се празни бидејќи граѓаните се повлекле во своите домови.



