Како да се ослободите од двојната брадичка

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Салото се појавува каде ли не по телото. Најлошото е дека никогаш не можеме да избереме каде ќе се појави. А, најлошо нешто е кога ќе се појави на лицето- точно каде најмалку можеме да го скриеме!dcad978a7baf115481f1935aff603a0e
Да, станува збор за двојната брадичка , која создава визуелен впечаток за дополнителна дебелина.
Двојната брадичка обично се формира поради олабавување на мускулите што се предизвикува од дебелината, стареењето или е генетски причини.
Еве неколку начини со кои може да се ослободите од двојната брадичка или барем да ги намалите димензиите:

Џвакање мастика
Мастиката за џвакање ги затегнува фацијалните мускули. Таа, исто така го активира дигестивниот систем, помага за чистење на забите од остатоци од храна и ги отстранува бактериите од непцата.

Глицеринската маска може да ја оформи кожата.
Измешајте една лажица глицерин, половина лажица морска сол и неколку капки пеперминт. Нанесете на лицето и вратот, како и врз брадата.
Добро е маската да стои врз кожата за околу 10 минути. Потоа исплакнете со млака вода. Практикувајте ја оваа постапка 3 пати неделно.

Протеините има ефект сличен на глицерин
Жолчките имаат протеини со зацврснувачки ефект, кој ѝ помага на кожата да ја задржи добрата форма. Едноставно измешајте еден протеин со една лажица млеко, малку сок од лимон, мед и неколку капки етерично масло по избор и нанесете на лицето и вратот.
Оваа маска треба да отстои околу 5 минути пред да биде испирено со ладна вода.
Повторувајте три пати неделно.

Јадете повеќе дињи и лубеници
Дињите од сите сорти помагаат за отстранување на двојната брадичка. Тие се со висока содржина на вода и помагаат за изведувањето на токсините од телото и кожата. Овие плодови поттикнуваат губење на тежината, а истовремено со тоа ве тераат да се чувствувате целосни.
Можете дури и да користите свежи парчиња диња или лубеница врз брадата. Сигурно тоа ѝ помага на оваа област да влезе во форма.

Вежби за брадичка
Вежбите за стегање на брадата исто функционираат беспрекорно, но треба да се прават секој ден, за да имаат ефект.
Најлесната вежба е да ја отворите широко устата, да извадите јазикот што е можно понадвор од устата. Држете така неколку секунди и повторете 10 пати. Оваа вежба доведува до неминовно затегнување на брадата.
Другата ефикасна вежба е да ја држиме со рака брадата и да  вежбате резистивен притисок. Веднете ја главата полека надолу спротивстваувајќи се со раката во исто време.