Хеликоптер на ЕУЛЕКС се урна крај Приштина

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Неколку лица се повредени денеска кога хеликоптер на Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС) се урна на аеродромот во Приштина, соопшти претставник на НАТО.

5015363645_734a928277

– Еден хеликоптер на ЕУЛЕКС се урна на приштинскиот аеродром. Има неколкумина поврдени и ние проверуваме, изјави претставникот на Алијансата.

Приштинските медиуми јавија дека по уривањето на хеликоптерот аеродромот е затворен за сообраќај./MIA