Српска пропаганда не застанува-Четници ќе дошле во Македонија !?

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Српски четници на чело со Братислав Живковиќ во понеделникот биле запрени на границата со Македонија, пишува белградскиот весник “Блиц”. Групата “Движење на четниците” била  вратена назад од српските тајни служби (БИА), на тој начин известуваат српските,  а превземаат и бугарските медиуми,  кои не можат да се одлепат од балканските стереотипи , делби , војни и големите фрустрирачки митови за Големи Србии, Албании и сл.

20150514.hdwmyqmled
Еден чекор напред кон Европа и два назад кон Балканот, и во тој стил душегрижнички за „ своите браќа“,  српски Блиц гази кон шпекулации и читаност на што се лепат македонските портали, незаејќи дека така учествуваат во специјалната војна која никогаш не запрела од Белград, и која особено е нагалсена  кога се присутни конфликтите.Пораките секогаш  јасни  , виновни се Албанците а „ми штитимо нашу браќу македончиња“ или во стилот на поговорката „ аман бате не ме брани“ , а целта е ако може да се разгори  конфликтот уште повеќе тоа е  уште подобро.
Па така веста пренесена и од бугарските медиуми вели : „Членовите на групата сакале да ја преминат границата и да се упатат кон македонскиот град Куманово за да “помогнат на државните органи во борбата против албанските сепаратисти”.Во денешниот број весникот објавува “сопствена истрага” за вооружениот судир во Куманово, при кој загинаа 8 полицајци , а 37 други беа повредени.”Албанските терористи кои  го нападнале  Куманово имале десет команданти. Повеќето од нив се на слобода. Дел од нив се зад решетки, а други биле убиени. Сите групи биле во врска со Даут Харадинај, братот на косовскиот политички лидер Рамуш Харадинај.  Во групата имало и граѓани од Македонија, кои учествувале во нападот на полициската станица во Гошинце пред еден месец, пишува уште весникот и нагласува дека “групата имала за задача да  го урнат ” Мостот на цар Душан ” во Скопје “.” Информациите за нападот во Куманово, која беше распространета од македонската амбасада во Загреб во голема мера се препокрива со информациите на српските тајни служби БИА “, пишува уште весникот.
 Ова секако се чита ,  но за тие кои знаат да мислт  првин и треба да се провери за да се поверува, а за што официјално,  се разбира,  никогаш нема да добиете потврда.
Или што значи тоа четници тргнале на Македонија ? 5- 10 , 100 или 1000 или некоја група  будали кои сеуште не излегле од старите балкански фрустрации и делби, па тргнале за да се сликаат за новинарите за скандалозен наслов, за внимание или нарачка. Можеби  оваа информација тој  податок  во денешниот пропагандистички контекст и не е битен- нека има кликови,   а за вистината другпат !
ДА