Вработените во кумановската фабрика ФЗЦ денеска протестираа бидејќи десет месеци не земале плати, и не им се платени придонеси.Велат дека и наредните денови ќе продолжат со протести, се додека не ги добијат заработените пари.
“Претходно преговаравме со менаџерскиот тим, но досега ништо не е реализирано од нашите барања, исплата на плати и придонеси”, изјавија вработените.
Вработените велат дека немаат проблеми со новиот доминантен сопственик за кого велат дека не го познавааат, туку дека проблем е како што изјавија „акумулураните„ неколкумесечни проблеми со раководството на ФЗЦ.
“Барањата на вработените кои се собрани спонатно се легитмни, ќе направиме се, за да се остварат низ процеудра. Мора да се постигне договор со досегашниот менаџерски тим но, најзначајно од се , фабриката да продолжи со работа за да можат да се земаат тековните, но и заостанатите плати”, изјави претседателот на гранковиот синдикат за индустрија, енергетика и рудаство при ССМ Пецо Ристески.
Вработените најавуваат дека протестот ќе продолжи и наредниот период, се додека не ги добиеме платите.
Видео: Кумановски муабети