Преку специјалниот делегат на германското МНР за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА, Ернст Рајхел, денеска Германија уште еднаш порача дека е потребно да се спроведе независна и транспанрентна истрага која ќе ја утврди одговорноста за коруптивните скандали што ги обелодени опозиционата СДСМ преку објавувањето на своите „бомби“-информира А1 он.
Во моите разговори со политичките лидери посочив дека мора да се земат предвид обвинувањата за сериозни прекршоци на владини претставници коишто произлегоа од објавените телефонски разговори. Очекуваме независни и кредибилни судски истраги за обвинувањата коишто беа изнесени, вклучително и обвинувањата за коруптивни однесувања, влијанието врз судството, како и на интегритетот на изборниот процес. Апелирав да бидат преземени конкретни мерки кои ќе го адресираат недостатокот на институционална и медиумска независност – истакна Рајхел.
Повеќе ТУКА
