Средношколците го прекинаа бојкотот , и од понеделник треба да се вратат на настава.Испуштени се кај сите по 22 дена од наставата од што е пореметен планот за работа и не се реализирани сите наставни единици.По закон училиштата мора да го спроведат наставниот план и програма- единствен излез за спроведување на истата е продолжување на учебната година.
Директорите на скопските средни училишта во кои учениците изминатиов период ја бојкотираа наставата, испратиле до градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, барање за продолжување на наставната година.
– Како надлежен за средните училишта на Град Скопје, ви се обраќаме со барање да ни помогнете наставната година да се продолжи и сите изгубени денови на овој начин да се одработат. Исто така во името на активот на директори на средните училишта на Град Скопје , бараме да бидеме вклучени во работни групи за изготвување и донесување на измени на Законот за средно образование, посочуваат директорите од средните училишта “Здравко Цветковски”, “Никола Карев”, “Георги Димитров”, “Орце Николов”, “Јосип Броз Тито” и “Раде Јовчевски Корчагин”.
Со оглед на тоа што одлуки за продолжување на учебната година и менување на анставните планови носи МОН , градоначалникот на Град Скопје ваквото барање го проследил до министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми. наставната година. Одлуката како и во која насока ќе се бара решението и ќе дискутира на седницата на Град Скопје , закажана за следната недела.

