САД им забранија влез на тројца косовски пратеници во нивна база

од Vladimir Zorba
69 прегледи

САД не им дозволија влез на тројца пратеници од косовското Собрание во една американска воена база во Герменија, објави приштинскиот портал „Лајми.нет“.

нато база

Според порталот, по проверката на списокот од 16 косовски партеници што планирале посета на базата во Германија, американската Амбасада во Приштина порачала дека на листата на посетители не може да бидат пратениците Реџеп Сељами од движењето Самоопределување, Даут Харадинај од Алијансата за иднината на Косово и Зафир Бериша од партијата Иницијатива за Косово.

Причините за ваквата американска одлука не се соопштени.

Меѓу останатите, на листата на членовите на делегацијата на косовското Собрание што треба да ја пости базата се и партеничките Дорунтина Маљоку од Демокартскиот сојуз на Косово и Митахер Хашкука од Иницијативата за Косово.