Вчера протест на опозицијата денеска контрапротест на власта

од Vladimir Zorba
94 прегледи

И додека сите нагаѓаа која е бројката колку илјади се , па математики и формули на владините мегафони, едно е сигурно,  ова е најголемиот досега  граѓански протест, единствен на кој заедно се вееше и албанско и македонско знаме, и кога ќе ги додадете сите тие кои  не дојдоа мислејќи дека телевизиите не лажат, па поверуваа дека  ќе има насилства, и тие кои кои имаа притисок да не бидат видени- тоа е доволна,  илјадиници ЗА -з а заминување на Груевски .

птор 177

Повеќе десетици илјади граѓани демонстрираа пред Владата барајќи правда, мир и враќање на Македонија кон европските стадарди и вредности и кон напуштениот пат за евроатлантски интеграции, преку оставки на актуелната власт и најитно формирање  на преодна Влада, којашто, по попис на населението, и „прочистување“ на контроверзните изборни списоци, би обезбедила услови за мирни, фер и демократски избори.

pic

Овој граѓански  протест  под мотото „Доаѓаме!“ (скопјани и граѓани од внатрешноста коишто успеаја да ги поминат сите полициски блокади на патиштата или, како што тврдеше опозицијата – опструкциите на актуелната власт, па наместо со автобуси од фирмите чиишто сопственици во последен момент ги откажуваа платените ангажмани, во престолнината доаѓаа со свои автомобили, со комби-возила и возови), според проценките на дел од присутните известувачи на печатените медиуми, фоторепортери и ТВ-екипи од Македонија и од странство, сигурно беше најбројниот и најпосетениот граѓански протест во 25-те години македонска независност и сувереност.проте 17

На крајот на денот , тој не заврши туку продолжи  преку камперите демонстранти кои останаа со шатори пред владата. Во кампот ноќеска беше целото раководство на СДСМ со лидерот Зоран Заев.

НЕма повлекување остануваме се додека Никола Груевски и неговата влада не си поднесат оставка и не  формираме преодна влада порачаа демонстраните заедно  со лидерот на опозицијата Зоран ЗаевИсториски протест: Над 100.000 граѓани побараа оставка од Груевски

Денеска за 20 часот власта како одговор на овој митинг веднаш организира контра митинг.. Денеска  нема да има проблем со превози, ни со забрани за администрацијата и вработените по приватните фирми, денеска ќе мора да дојдат сите плашливи македончиња, за  да го задоловолат  Груевски,дека со него се НАЈголемите Македонци, дека тие се патриотите а сите останати се предавниците.

ЌЕ ечи Скопје и вечерва толку гласно за  да се надвика вчерашниот глас на народот и граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби,  Роми , Власи кои скандираа: „Оставка “ ,/ „Нема правда нема мир“/ „Доста беше молк“/ за да се збришат пораките: „Ние немаме војска – ние имаме срце! Ние немаме куршуми – но, имаме сон, ние сакаме мир! / Вие имате судии – ние имаме правда! / Вие сакате контрола – ние сакаме слобода! Вие имате телохранители – ние имаме другари!“.