Тие се согласиле дека е потребно политичко решение за кризата, потврдија за „Мета“ извори присутни на состанокот.
Македонија не беше формално ставена на дневен ред и нема да има формални заклучоци на оваа тема.
Порано во текот на овој ден, комесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека ЕУ треба да го преземе својот дел од одговорноста за состојбата во која се наоѓа Македонија, алудирајќи на недостигот од прогрес кон ЕУ поради грчката блокада.
Пред состанокот, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, изјави за новинарите дека е време Европската унија да се вмеша во македонската криза.
– Европската унија треба да биде видлива и да покаже лидерство – рече тој на прашање дали е загрижен за состојбата во земјата.
Тој додаде дека не треба Македонија да биде оставена сама на себе во оваа ситуација.
Навраќајќи се на европската перспектива за Македонија, Лајчак рече дека земјата веќе долго време не остварила напредок на патот кон ЕУ.
– Овојпат не сум сигурен дека препораката за преговори со ЕУ ќе може да биде повторена – рече тој./ МЕТА
![brisel[6]](https://lokalno.mk/wp-content/uploads/2015/03/brisel61.jpg)