Бугарија ќе биде гарант на македонската независност

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Бугарија ќе биде гарант на македонската независност и територијален интегритет. Ова се наведува во соопштението на бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов

F7E70254-42CF-43FD-A25C-AEB47380A31E_cx2_cy2_cw55_w308_h173

„Сите многу добро го познаваме тешкиот пат низ кој помина Република Македонија кон воспоставувањето и зацврстувањето на нејзината државна независност и суверенитет.Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од приоритетна важност за Бугарија и таа, без сомневање ќе продолжи да биде гарант на независноста и територијалниот интегритет на Македонија“, вели министерот Митов, потсетувајќи дека Бугарија била првата што ја признала македонската независност и оти нејзината одлука била клучна за стабилноста на Југоисточна Европа.

За цело тоа време токму Бугарија беше државата која и даваше најголема поддршка на независноста на Република Македонија, која беше и ќе остане гарант за нејзината територијална целина, изјави Митов.

Крајно неодговорни се изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во неговото обраќање пред Советот на федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација, дека се зборувало поделбата на Република Македонија помеѓу Албанија и Бугарија. Ова се истакнува во изјавата на министерот за надворешни работи на соседна Бугарија, господинот Даниел Митов, пренесува БГНЕС

Обидите да се стави под знак прашање европскиот ред во регионот и територијалната целост на Република Македонија се недозволиви.

Стабилноста на сите држави од Југо источна Европа е од првенствено значење за нас и обидите на надворешни држави од регионот за поткопување на стабилноста преку вакви изјави треба да бидат прекинати, се истакнува во изјавата на Митов.

Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и териотиријалната целина на Република Македонија и тоа не треба да биде под никаква сомнеж, изјави министерот за надворешни работи на Република Бугарија Даниел Митов.

Вчера во текот на денот министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров коментираше дека состојбите во Македонија се провоцирани од желбата да се влијае врз владата на премиерот Никола Груевски од причини што тој одбил да ги поддржи санкциите кон Русија.

Повеќе на оваа тема:

Лавров проговори за поделба на Македонија -Бугарија се спротиставува !

На Русија и текна да ја спасува Македонија од НАТО