Русија се потврдо и погласно ,во пакет со  српските извршители  му враќа пораки на САД преку Македонија. Нивните оценки и пораки се секогаш спротивни од оние на САД,  а за Макадонија се тоа е некако во стилот со народната „ аман баќушка не ме брани“. Па така се погласни и подиректни се   пораките од шефот на дипломатијата на Путин, Сергеј Лавров.Во очекување на Украина за покренување на  компромисните  пакувања, кои се далеку од реализација, се заматува друг регион на линија Грција, Македонија, Србија.Дали колку за пркос на Вашингтон?

лаврове

Оттаму , Русија смета дека настаните во Македонија се провоцирани од западните земји. Шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, како што пренесува Итартас, оценил дека притисокот врз премиерот Груевски е резултат на неговото одбивање да се приклучи кон санкциите против Русија и подготвеноста за соработка во изградбата на гасоводот Турски поток. Опасни се обидите да се искористи албанскиот фактор, па сега да се зборува дека Македонија треба да се федерализира, или пак, дури, еден дел да се припои кон Албанија, другиот дел кон Бугарија, рече Лавров.

Официјално ВМРО ДПМНЕ не коментира но затоа неговите колициони партнери се гласни.

 

Лидерот на Демократскиот Сојуз  Пале Трајанов,за локално.мк  вели  дека повеќе од јасно е  дека Русија сака да се врати на Балканот токму на линијата Грција, Македонија Србија.  Би била голема штета за Македонија  ако конфронтациите на официјална Москва со Брисел , ЕУ  и САД   се кршат преку грбот на Македонија. Евроатланската орјентација на Македонија е одамна дефинирана, вели Трајанов

За лидерот на ДУИ Али Ахмети ваквите оценки се неприфатливи. Во интервју за телевизијата Клан Ахмети вели дека Русија се обидува да го зголеми влијанието на Балканот преку Македонија.

-Рускиот министер Сергеј Лавров кажа дека евроатланското проширување на Балканот претставува провокација за Русија. Пред неколку дена тврдеше дека настаните во Македонија се провоцирани од НАТО, ЕУ и Вашингтон. Тоа енергично го отфрлам. Сите граѓани, Македонци, Албанци и другите, јасно порачуваат дека сакаат членство во НАТО, одговори Ахмети. Тој притоа кажал дека нема потреба од ревизија на Охридскиот договор, но дека треба неговите одредби да бидат спроведени во дело.

Србија преку своите медиуми  исто така за последниот судир ја подгрева борбената реторика , за наводна загорзеност па испраќа жандарми на гранцата и фабрикува вести за судирите во Куманово. Нивните медиуми се обидуваат да исценираат   меѓуетничка конфорнтација во Македонија и нетрпеливост наспроти обичниот граѓански отпор  кон криминалните политики на владеачките структури.

Бугарија со некој ден задоцнување исто се вклучува во амбиенто, но аместо полициајци тие пратија војска на границата со Македонија,.

Во тоа замештелство на Русија  се факаат и сигналите од Скопје. Иконографијата на митингот на Груевски за првапат  извади руски знамиња а добар дел од вмровската „војска “носеше и маици со ликот на Путин.По митингоот стигнаа и пораките од Лавров и обработка на темата од руските медиуми.

Според политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, Груевски, како да ги напушта ЕУ патеките и НАТО стандардите.

-И самата иконографија на протестите и поддржувачите на Груевски покажува дека е забегана официјалната политика од тоа што значи стандарди на НАТО и ЕУ, и несолидаризирање со политиката на ЕУ, САД и НАТО со настаните во Украина и политиката на Русија, изјави Рамадани.

Слични содржини