Наставнички пленум в недела на мирен протест пред МОН

од desk3
104 прегледи

Наставнички пленум ве повикуваат во недела во 17 часот пред МОН на заеднички мирен протест под мотото “СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО”. Овој протест не е да се спречи екстерното. Овој протест е против сите негативни реформи кои ги носи оваа нелегитимна влада!!!

11329753_692416670887863_5000274331681573059_n

 
Со овој протест не мислиме да го спречиме екстерното кое стартува за неколку дена, туку да укажеме дека и покрај сите обиди, не најдовме ни еден аргумент кој би ја поткрепил тезата дека екстерното тестирање ќе го подобри квалитетот на образованието.
Во оваа прилика ќе посочиме само еден едноставен факт кој оди во прилог против екстерното тестирање, иако ги има илјада и еден!!!
Замислете еден ученик кој има 12 предмети, од кои по 10 е оценет со оценка одличен 5, а по 2 е оценет со оценка добар 3 (солиден одличен ученик), и замислете друг ученик од истиот клас кој по 10 предмети е оценет со оценка добар 3, а по 2 е оценет со оценка одличен 5 (просечен ученик). На одличниот ученик му се паѓа да ги полага предметите по кои има добар 3 и на екстерното тестирање ги потврдува оценките од наставниците, но неговиот успех паѓа од одличен (10*5+2*3=56/12=4,67), на многу добар (10*5+4*3=62/14=4,43). На просечниот ученик му се паѓа да ги полага предметите по кои има одличен 5 и на екстерното тестирање ги потврдува оценките од наставниците, но неговиот успех од добар (10*3+2*5=40/12=3,33), станува многу добар (10*3+4*5=50/14=3,57).

На тој начин одличниот ученик кој имал само 2 оценки различни од 5ка и ученикот кој имал само 2 оценки различни од 3ка, и покрај тоа што ги потврдиле оцениките од наставниците сега се израмнети и можат рамноправно да ја продолжат борбата во понатамошното нивно школување :(.
ПС: Нема повеќе да пишуваме: “зошто треба да не поддржите во нашата и вашата борба?”. Оставаме на вас да пресудите дали овие реформи водат кон поквалитетно образование (очигледно е од едноставниот пример дека водат кон подеднакви услови за сите, затоа што вака поставени работите во образованието, навистина ги изедначуваат сите ученици). НП нема ништо против “просечниот” ученик и не мисли дека тој помалку ќе се снајде во животот, но поентата тука е во друго.

#ПоддршкаДоСитеУченици
#ПоздравПленумци #НаставничкиПленум #СредношколскиПленум #РодителскиПленум #СтудентскиПленум #ПрофесорскиПленум #СтопЗаЛошитеРеформиВоОбразованието #Протестирам

 

Интегрален текст