(ВИДЕО) Средношколците заедно со наставниците на денешниот протест

од desk3
100 прегледи

Средношколскиот пленум ќе го поддржи најавениот протест на наставниците кој ќе се одржи во недела и се надеваме на една голема бројка присутни средношколци, изјави ученикот и претставник на овој пленум, Љупчо Миленковски, на дебатата на Радио МОФ – „Екстерното тестирање (не) го подобрува квалитетот на образованието“.

На дебатата се дискутираше за најавениот протест против лошите реформи во образованието, со посебен акцент на екстерното оценување.

Гости во студиото беа професорот Владо Димовски од Наставнички пленум, Љупчо Миленковски од Средношколски пленум и Марија Мирчевска од Младински образовен форум. Иако испративме покана за присуство и до Министерството за образование и наука, оттаму не добивме одговор.

Професорот, Владо Димовски рече дека образованието е столбот на општеството, и затоа не смее да се измислуваат закони кои само треба да се протуркаат и поминат во Собрание, без анализи и познавање.

„Ние имаме проблем со самобендисаноста на некои луѓе кои сметаат дека најмногу знаат и не ги вклучуваат практичарите“, истакна Димовски.

Според Мирчевска од МОФ, потребно е целосно редефинирање на концептот на екстерното тестирање, кое во меѓувреме би станало пилот проект неколку години, без реперкусии за учениците и наставниците.

Во продолжение погледнете го видеото од дебатата:

 

Видео – Радио МОФ