Ципрас: Доверителите бараат од Грција “апсурдни” реформи

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас возврати остро на адреса на доверителите на Атина, велејќи дека бараните од нив реформи се “апсурдни” и само го задржуваат  прогресот на преговорите, чија цел треба да го  спречи банкротот на земјата , соопштува AFP

20150602.ztuqkxyfgo

.Жестокото изјава на Ципрас е поврзано со неочекуваното пристапување на директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и претседателот на Европската централна банка Марио Драги кон лидерите на Франција и Германија, и претседателот на европската комисија Жан-Клод Јункер, кои разговараат за  кризата со грчкиот долг во Берлин.

“Неможноста да се дојде до договор досега не е поради наводната неопопустлива или некомпромисна или неразбирлива позиција на грчката страна. Таа е поради инсистирање на одредени институционални актери да се потчинат на апсурдни предлози, како и демонстрирањето од  нив на  целосно презир кон демократскиот избор на Грците “, изјави Ципрас.

Грција се обидува да ги убеди соите кредитори – Европската унија, Европската централна банка и ММФ да и дадат  7,2 милијарда евра итна помош за да се спаси од банкрот.