Сеп Блатер конечно поднесе оставка

од desk3
244 прегледи

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер сензационално и целосно изненадувачки за сите поднесе оставка на вонредно свикана прес конференција!

64th FIFA congress in Sao Paulo

Само пред неколку дена 79-годишниот Швајцарец победи на изборите за шеф на ФИФА и го започна својот петти мандат на чело на организацијата. Денес на специјална прес-конференција тој рече дека поднесува оставка, а неговиот наследник ќе биде избран на посебен конгрес. Конгресот за избор на нов претседател ќе се одржи помеѓу декември 2015 и март 2016 година.

Блатер рече дека потресена од скандали ФИФА има потреба од “тотална реконструкција” и дека тој “целосно го преиспита” претседателствувањето во последните денови.

Во последната недела ФИФА беше погодена од суровокорупциски скандал,а само два дена пред изборите за претседател беа уапсени седум високи раководители на организацијата. Меѓу седумте уапсени за перење на пари и уцена беше и потпретседателот на ФИФА Џефри Веб.

Американските власти рекоа дека девет фудбалски раководители се меѓу 14-те обвинети за корупција. Како дел од истрагата, швајцарската полиција претресе датотеки и пораки од седиштето на ФИФА поврзани со Светските првенства во 2018 година во Русија и 2022 година во Катар.

Денес американското издание “Њујорк тајмс” ја објави веста дека во 2008 година генералниот секретар на ФИФА и десна рака на Блатер – Џером Валке префрил 10 милиони долари на обвинетио за корупција поранешен потпретседател на организацијата Џек Ворнер.