Договор во Скопје е постигнат но само условно. Попрецизно кажано тоа е рамка што се треба да се сработи, за да се оди на предвремени избори во април, но условот е преодна влада!
Како што дознавана Локално мк. најпрецизно договорена е рамка за преговори. Во таа рамка за пртеговори стои обврската за Влада , која што треба да ги подготви изборите.За деталите околу таа Влада, како и за деталите на сите останати услови за рамноправен политички дијалог договрено е да се разговара во Брисел на 10 јуни.
До колку не биде постигне договор за таква Влада, која ќе ги подготви и ќе ги спроведе изборите, нема ни да има избори 2016 во април, ниту враќање на опозицијата во парламент, прецизираат високи партиски извори од опозицијата.
Во јавноста се есклоатираат различни опции, особено по изјавата по средбата еврокомесарот Хан, кој периодот до изборите (април 2016) го нарече транзициски, во кој ќе треба да се создадат услови за фер натпревар, но не соопшти дали има договор и која влада ќе ги организира.
Од опозиционата СДСМ сепак очекуваат да се постигне договор за транзициска влада, бидејќи, сметаат дека тоа е единствен начин да се смени изборната регулатива и политичкиот амбиент во земјата.
Од ВМРО-ДПМНЕ не попуштаат кога е во прашање преодна влада, а извори од ДУИ велат дека компромисот може да биде во нова реконтрукција на Владата, во која неколку клучни министерства ќе добие опозиција, но Груевски да остане премиер.
