Вучиќ; Очекувам големи предизвици на Балканот!

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Во следната година ќе има големи предизвици за сите земји од Западен Балкан, како поради тешката економска ситуација, така и поради бројните политички проблеми со кои ќе се соочат сите од регионот.

вуциц рама

Тоа, го рече српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата во Белата куќа. “Изразив категоричката решителност на Србија да влијае за зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е единствениот можен пат за земјите од Западен Балкан”, рече уште Вучиќ и прецизира дека “САД го поддржуваат тоа”. Александар Вучиќ рече и дека  ја изразил “недвосмислената  позиција на Србија” за почитување на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и зачувувањето на Република Српска во неа како заедница.

“Сметам дека тоа е единствениот начин за зачувување на целосната стабилност на Босна и Херцеговина и Република Српска. Тоа е добро за сите земји од Западен Балкан и таква ќе биде политиката на Србија “, истакна српскиот премиер. Тој потврди дека за време на разговорите станало збор и за ситуацијата во Република Македонија.

“Јас сум исклучително задоволен и горд на фактот дека Србија во никој случај не е под влијание или пак  за продлабочување на кризата во Македонија”. “Србија ја смета Македонија за пријателски сосед, секогаш ќе има сличен став и на никаков начин нема желба да се меша во внатрешните работи на Македонија “, рече уште Вучиќ и појасни:” Според мене тоа е едно чесен, коректен  и многу чист однос“