Не е тајна дека на претставничките на понежниот пол не им се допаѓаат делови од своето тело. Најстрашното е дека поголемиот дел од нив не би се дефинирале себеси како “убави”.
Ново истражување нарачано од козметички бренд, покажува дека 80% од дамите веруваат во целина, дека секоја жена зрачи некаква убавина. 96% од нив сепак открија дека не можат да се опишат себеси како убави.
Во анкетата учествувале 6400 жени на возраст меѓу 18 и 64 години од 5 големи светски градови – Сан Франциско, Шангај, Делхи, Лондон и Сао Паоло.
Резултатите покажуваат дека 78% од жените не се чувствуваат добро во својата кожа. 32% рекоа дека сами создаваат силна тензија во врска со изгледот, а 7 од 10 претставнички на понежниот пол објаснија дека според нив убавината не се крие само во физичките димензии.
И иако повеќето дами да не го гледаат свој шарм и сексапил, тие не се слепи за оној на другите. 88% од Американките веруваат дека секоја жена има нешто убаво. На ова мислење се 94% од Индијките и 91% од Бразилките.