Грција се ‘поблиску до излегување од еврозоната

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Грција е се поблиску до излез од eврозоната . Премиерот Алексис Ципрас свикува вечерва вонредна вонредна седница на парламентот , јавува дописникот на БНР во Грција.

ципрассс

По залудно очекувања за договор со доверителите Атина го одби закажаното за денеска плаќање на заемот кон Меѓународниот монетарен фонд .

Барањата на кредиторите за намалување на пензиите и зголемување на даноците нема да бидат ниту прифатени од Атина, ниту поддржани од парламентот .

” Не можеме да примаме  предлози како отстранување на помошта за најсиромашните пензионери и зголемување на ДДВ на енергијата за 10% . Таквите мислења не се база за преговори “, коментира премиерот Ципрас  за разликите помеѓу двете страни.

Не само пратеници од опозицијата нема да го поддржат со гласови си слична програма, но и пратениците од владејачката СИРИЗА.

Од партијата “Независни Грци” , која учествуваат во владата, дојде јасното предупредување до премиерот да не се креваат даноците во туризмот на островите .

Од своја страна министерот за труд, Панос Скурлетис даде политичко толкување на кризата во односите меѓу Атина и Брисел.
” Во последните часови се води војна. Се судрија две позиции за Европа “, рече тој.

Министерот за финансии, Јанис Варуфакис е оптимист дека договоро ќе има, бидејќи предлозите на Атина се реални.  Ако само 12 пратеници од СИРИЗА не гласаат за  договорот, а се очекува тие да се повеќе, Грција повторно оди на избори .

Во меѓувреме стана јасно дека спасувачката програма на Грција ќе биде продолжена во текот на летото со 11 милијарди евра.Овој план се разгледувал напорно од Европската централна банка и држави од Еврогрупата, пишува германскиот “Ди Велт”.