Хан е недораснат за кризата- нешто како Брисел за името

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Заев се предомисли , тоа е вистински „политички дилетантизам“, тој сега „се плаши и бега од избори“, го стиснаа мора да се врати и„ пак ќе бега , Зајко еден“…. така сега коментират владините труби или она што се нарекува пропагандата и инфекцијата од грујевизмот во медиумите и македонското општеството. Она што е вистина е дека првпат опозиционен лидер му се спротиставува аргументирано на Брисел.

заевв

Лидерот на опозиционата СДСМ, со сите ризици и закани, одважно му рече НЕ на Хан,  по неговото небулозно дипломатско преминувања преку криминалите и фалсификатите на изборите во Македонија. Зоран Заев се спротистави на лагата на тој, кој претендира да биде преговарач и неутрален во тешката криза меѓу власта и опозицијата, на еврокомесаот Јоханес Хан. Ако се додаде и дека Заев му се спотистави на „семоќниот“ владетел на Македонија, кој  9 години  ја приватизира државата и институциите, тогаш тој е вистински лидер. Заев  се спротивтстави на еден режим и систем,  кој потпкрепен со сериозно изместена вистина и дезинформирање за секој потег на опозицијата,  како и настанов „Хан“, што предизвикува домашна и меѓународна реакција. Медиумите се одамна купени во пакет со киднапираната јавност.  Таму уште доста време вистината ќе се преиначува и толкува само од позицијата на Груевски: и победа  и Македонија се  само тој и неговите неколку министри од ВМРО-ДПМНЕ, тие  знаат што е и вредност,  моќ , патриотизам и победа,  а сите што размислуваат поинаку од тоа се предавници, пораз, небиднина, страв и немоќ и  сето тоа во пакет е резервирано за опозицијата, сеедно кој било нејзин лидер Граѓанин, Црвенковски или Заев.

Вистинанта  е дека не се премисли Заев, туку дека се премисли Хан и Брисел,  и мораа да  се демантираат себе си, и  да дадат сооптшение и да прецизираат дека на 10 јуни ќе се оди да се договара тоа –новата преодна влада, и дека  тоа е основа за договорот од Скопје, па потоа следуваат предвремените избори во април. Второто без првото е неважечко, а сите модалитети на новата (преодна)европско-реформска влада се е во игра.

Вистина е дека десничарот Хан овојат јавно се избрука, Заев се повлече во знак на протест против бриселската дволичност која сиве овие години ништо битно не направи против владеењето на Груевски, освен што укажува, нели, дека имаат фалинки. Санции немаше, напротив  таа незаинтересираност делуваше како поддршка за постапките на Груевски и на неговите од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа  е истата приказна на незаинтересираност како проблемот со името кое од Европа замина во Обединентите нации со АМЕРИКАНСКИ ПРЕГОВАРАЧИ, и посредници. Апсурдноста на Брисел се покажува и преку пресудата за името на хашкиот суд и неинплементацијата на истата од таа Европа.Веројатно, поради тоа во блиско време ќе се вклучи именуваниот од Комисијата за надворешни работи на Американскиот Сенат преговарач, медијатор за името.

Ова  со Хан денеска, е само потврда дека Брисел не е ЗАИНТЕРЕСИРАН темелно да ги средува работите со Македонија. Битно е дека „Куманово запре“,сега нека си демонстрираат, кампуваат и нека си тера вака. Морковот се гледа, а стапот кого ќе мавне, дали едните или другите, е сеедно, барем за Брисел.

Ова укажува дека на 10 јули во Брисел, и покрај најавените прес-конференции од ЕК за одоброволување на Заев и опозицијата, нема да се случи ништо ново, се додека и за тоа не дојде американски претставник да гарантира дека Европа ќе го спроведе договореното.

Тоа значи дека колку за доверба,  за излез од кризата , ќе мора да се смени и подигне нивото на преговарачите, а прикаските со „давај-земај тоа препораките“ нека си ги чува Хан, бидејќи ако еднаш излажеш кој вели дека нема пак да се повтори?

Драган Антоновски