Омилениот плод ја издава личноста

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Сочно и ароматично, а може да јадете од него и во изобилство. Овошје! Извор на здравје и долговечност. Освен што носи задоволство за сетилата, тоа открива и дел од личноста на човекот. Видете повеќе во следните редови.0cceb8853135fa79a9c2bf114e12a725

Јаболко
Ако вашиот омилен плод е јаболкото, тогаш сте екстравагантна, импулсивна и искрена личност. Брзо донесувате одлуки во ситуации на криза, многу добар лидер сте, но понекогаш сте премногу експлозивни . Лесно го добивате  вниманието на спротивниот пол и сакате вие да сте водечка фигура во љубовта.

Банана
Ако сакате да јадете почесто банани, вие сте личност со добро срце, љубовна, нежна, но и малку повеќе ранлива отколку што е потребно. На моменти сте премногу срамежливи и ви недостасува самодоверба. И покрај овие недостатоци, во љубовта знаете како да создадете убава и хармонична врска.

Грозје
Грозјето било омилен плод на боговите. Ако и вие го преферирате, сте топли, љубезни, ентузијастички и личности со жед за живот. Лесно комуницирате со луѓето, имате чувство за естетика и љубов да уживате во природата и убавината во сите нејзини форми. Понекогаш сте љубопитни, а во љубовта големи експериментатори.

Лубеница
Го водите животот со голема доза оптимизам. Не сакате да се спорите и ретко се жалите. Сакате да се изјаснувате како добри советници на другите луѓе, но ретко постигнувате успеси, бидејќи не сте особено амбициозни . Сепак имате одлична смисла за хумор, а во љубовта сте моногамни.

Цреши
Ако од сите плодови најомилени ви се црешите, вие сте личност која поседува голема имагинација и можете да постигнувате успеси во креативни активности. Секогаш сте лојални на луѓето околу себе, а во љубовта држите многу до добрата комуникација и чесноста.

Кокос
Кокосот е омилен на луѓето кои се внимателни, општествени, духовити, но и итри и тврдоглави. Во љубовта тешко наоѓате партнер, бидејќи имате високи критериуми за партнер. Преферирате саканата да биде добро образована и реализирана личност.

Манго
Егзотичниот плод манго е избор на луѓето кои лесно влијаат. Во случај да ова е вашиот избор, тогаш вие често можете во љубовта да се појавувате како лидери и помалку како следбеници. Имате силна волја и способност да размислувате за комплексни прашања. Љубители сте на предизвиците во животот, а во љубовта сте повеќе авантуристи.