Организацијата на работодавачи, Синдикатот и бизнис коморите денеска ќе дебатираат за исплатата на К-15. Бизнисор бара исплатата да биде на доброволна основа. Начелна согласност е постигната, регресот за годишен одмор да се регулира на гранково ниво .
Според прелиминарните преговри, приватниот сектор кој не е член на гранковиот синдикат нема да има законска обврска да исплаќа регрес. Доколку пак, компанијата има пари, работодавачот ако сака – може на своите вработени да им исплати регрес за годишен одмор.
Исплатата на К-15 во висина од минималната загарантира плата беше договорена минатата година во Колективниот договор за приватниот сектор.
