118
„Истрагата за инцидентот во Македонија е важна, како за процесите во земјата, така и за регионот“, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор на самитот „Брдо-Бриони“ кој се одржува во Будва.
Тој ги повика политичките партии во Скопје да постигнат компромисно решение за главните прашања, што би го поттикнало Брисел за зелено светло за преговори со Македонија.
Според Пахор, најпрвин е неопходно е да се спроведе истрага за инцидентот во Куманово, бидејќи резултатите може да бидат многу значајни како за домашните, така и за регионалните процеси.