Груевски во Брисел: Признавам дека кризата создаде многу негативен публицитет за Македонија

од desk3
162 прегледи

Македонскиот премиер, во својот говор на на формот „Кран Монтана” во Брисел, рече дека кризата во земјата треба да се реши што е можно поскоро, но она што сè уште нема, според Груевски е јасна перспектива на Македонија во ЕУ. Премиерот посочи дека се гледа на оваа криза како можност да се оттргне земјата од состојбата на статус-кво и да се подигне свеста за потребата да се овозможи на Македонија да се движи напред со процесот на интеграција во ЕУ.

gruevski-kran-montana

– Тоа е причината зошто ние го поздравуваме ангажманот на комесарот Хан и претходно на тројцата европратеници да се олесни дијалогот и да и се помогне на Македонија за надминување на оваа ситуација. Признавам дека кризата создаде многу негативен публицитет за Македонија. Но, меѓу сите овие пораки на загриженост, да не го заборавиме главниот фокус на она што е навистина важно во Македонија и нашите граѓани, да не заборавиме на ЕУ-перспективата и дека Македонија, која е земја-кандидат за членство веќе 10 години. Препораките на Европската комисија се објективна проценка на сцената на реформите во Македонија и усогласување со законодавството на ЕУ. Зад овие препораки лежи напорна работа, сериозна посветеност и силни административни капацитети, дециден беше Груевски.

Сепак, вели Груевски, сега не е добро време да се гледа наназад. – Силно верувам дека ние наскоро ќе ја совладаме домашната политичка криза. Ние ја охрабруваме ЕУ, а посебно земјите-членки да се обидат да се навратат и да ги истражуваат предлозите кои се на маса веќе некое време, а можеби не добија доволно внимание – како што се овозможување на пристапните преговори и разговори за името да се одвиваат паралелно на двоен колосек или почеток на пристапните преговори и решавање на прашањето за името во раните фази на процесот на пристапување, додаде Груевски.

На крајот во неговиот говор, претседателот на Владата на Република Македонија, истакна дека земјата ќе работи неуморно да ги надмине своите политички предизвици и да ги реши во правен, институционален и политички процес во согласност со уставниот поредок и во рамки на востановените принципи на демократијата на ЕУ и на владеењето на правото./МИА