Вградените во земјата рефлектори за осветлување споменикот на Цар Самуил, биле покриени од непознати лица со црна боја вчера, потврдија за бугарскиот весник “Дневник” од прес-центарот на градот. Веднаш е испратем тим за да ги исчистат .
Случајот е популаризиран во медиумите од граѓански комитет “Спаси ја Софија”, кои изразија категорично несогласување “со секакви форми на вандализам врз споменици. Постојат законски начини за изразување на граѓанска позиција.”
Од општината изјавија за “Дневник” дека снимките од безбедносните камери во регионот ќе бидат испратени во полицијата и прегледани уште утре.
Шести ден по отворањето контроверзниот споменик предизвикува исклучителен интерес. Граѓани и гости на главниот град стојат пред него, за да ги ценат лично естетските квалитети и да се убедат дали неговите очи навистина светат .
