Нова играчка за народот-Фонтана ем свети, ем прска и замисли водата е мокра!

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Нов спектакл на плоштадот „Македонија“ . Ацета го заборавија не е интересен и не е толку убав барокот,  а сега имаме нова играчка -Фонтана. Замисли пушта вода и  ем прска, ем свети. Ајде збирај се,  сега и ние го имаме, чудо невидено среде плоштад.

фонтана

Граѓаните, пензионерите, па сега ќе се згнат и телевизиите со анкети колку е убава. Па,  ќе се „истражува“ и интервјуираат странци како се сликаат,  и ќе заокружат и заклучат дека водата е мокра. Млазевите кои гргаат со  вода нагоре, се на сѐ, цирка само  2,5 милиони евра пари на граѓаните.

11421672_10153384286339804_1363480761_n

Па што ако има дупки по улиците,секојдневно прекопување на вчера асфалтираните улици- па водата е мокра, и народ гледа дека е таква. Нема лажење, може да се сликаме сите.

11401004_10204669908131992_2655498740213404672_n[1]

CHkI-NyWsAA0aBr[1]

8909900

Фото – Фејсбук/Твитер